Охриѓани со победа и пораз се враќаат од Холандија

Ракометарите на Охрид со победа и пораз се враќаат од мини-турнеата во Холандија.

Охриѓани, по крајот на есенскиот дел од сезоната се одлучија за гостување во Холандија каде одиграа два тест дуели. Најпрво избраниците на Горан Андоноски славеа против Херкулес со 24-32, а денеска загубија од Волендам со 38-25.

Согласно првичниот план Охрид требаше да одигра тест дуел со Лајонс, но истиот е откажа па македонските ракометари се враќаат со два одиграни натпревари во Охрид.

Се вчитува...