Кошаркарите на Охрид со голем пресврт во последната четвртина успеаја да го совладаат Пелистер во Битола со 77-80. Последниот период го добија со 15 поени разлика и стигнаа до триумф.
Првата четвртина му припадна на Пелистер со 19-16, но идентично возвратија охриѓани во втората и на полувреме се замина со нерешен резултат (36-36). Битолскиот тим беше убедлив во третиот период, но Охрид возврати уште пожестоко во последниот и на крајот стигна до победа. Клучна беше тројката на Миљан Дрекаловиќ на 19 секунди пред крајот.
Александар Андрејевиќ со 18 поени и Миљан Дрекаловиќ со 16 поени беа најефикасни кошаркари во победничкиот табор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА