Ојлески: Македонија нема да биде аутсајдер на ЕП

Македонската ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир, пресрет Европското првенство 2022 година. Селекторот Лазаров се одлучи после подолг период во репрезентацијата да го врати искусното крило Гоце Ојлески.

Тој вели дека на шампионатот Македонија нема да оди како аутсајдер и смета дека може со сите противници да игра рамноправни натпревари.

„Во еден разговор со селекторот одлучивме да се приклучам на овој собир. Мојот повик не значи дека сигурно ќе учествувам на првенството. Имаме подготвителен период, може да се случат многу работи, а тука е и ковидот. Затоа одлучивме да се приклучам па со моето искуство колку можам да помогнам. Секако дека се добредојдени подготвителните натпревари. Тие мечеви ќе ни дојдат како подготвителен период за да видиме кој во каква форма е. Тие мечеви треба да ни дадат слика за Европското првенство. Нема да бидеме аутсајдери на ЕП. Имаме искусни играчи како Кире, Столе, Георгиевски, Миркуловски и со тој состав мислам дека можеме да се натпреваруваме со сите“, изјави Ојлески.

За потсетување Македонија на европскиот шампионат ќе биде во група со Данска, Словенија и Црна Гора.

Се вчитува...