Ојлески: Романија е сериозен противник, мораме да бидеме максимално сконцентрирани и на двата меча

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе ја пречека Романија во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство кое во 2023 година ќе се игра во Полска и Шведска.

Еден од поискусните во репрезентацијата Гоце Ојлески вели дека Романија е сериозен противник кој мора да биде респектиран и дека мора да бидат максимално сконцентрирани и на двата меча.

„Мора да ја респектираме Романија, станува збор за сериозен противник, кој има добар селекторот. Романците од година во година напредуваат, ќе се обидат да не изненадат уште на домашен терен. Но, ние сме поискусни, мора да излеземе како победници од двете средби. Во денешно време не можеш да биде сигурен дека едниот меч ќе биде гаранција за остварување на целта, мора да бидеме максимално подготвени за двата меча. Секако прво сме фокусирани на дуелот во Скопје. Кај Романците најдобар е селекторот, Чави е искусен, верувам дека ќе ги подготви добро, но јас сум сигурен дека и ние ќе имаме одговор за тоа“, изјави Ојлески. 

Натпреварот меѓу Македонија и Романија кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан за вечерва во 19 часот.

Се вчитува...