Еурофарм Работник во недела против португалскиот Спортинг Лисабон го почнува настапот во дебитантската сезона во Лигата на шампионите. Капитенот на тимот, Гоце Ојлески вели дека иако Португалците ќе бидат фаворити на мечот, во таборот на Работник владее оптимизам и позитивна енергија.
„Во нашиот тим владее позитивна енергија и оптимизам пред дебитантскиот меч во Лигата на шампионите. Спортинг е прв фаворит во нашата група, но ние ќе дадеме максимум и се надеваме дека ќе успееме да ги изненадиме“, изјави Ојлески.
Мечот во „Боро Чурлевски“ арената на програмата ќе биде во недела со почеток во 17:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА