ОК Универзитет Тетово се засили со репрезентативец на Црна Гора

Одбојкарскиот клуб Универзитет Тетово се засили со уште еден репрезентативец на Црна Гора Владимир Бојиќ, кој што зад себе има богата и успешна кариера. Бојиќ настапувал во различни земји како  Катар,Србија и Црна Гора.

„Ние како клуб му посакуваме добре дојде и се надеваме на позитивни резултати бидејќи со овој трансфер мислиме дека ние сме сериозни конкуренти за шампионска титула“, стои во соопштението од клубот. 

Сезонава, Бојиќ ја почна како одбојкар на Будва, каде настапуваше и минатата сезона, а претходно го носеше дресот на Рибница од Краљево.

Се вчитува...