ОК Вардар потпиша со Стошиќ

Раководството на ОК Вардар уште еднаш ги потврди високите амбиции за оваа натпреварувачка сезона доведувајќи го во своите редови Марко Стошиќ. Станува збор за репрезенативен техничар кој би требало да биде огромно засилување за „црвено-црните“. Тој доаѓа во Вардар од Катар, каде шест сезони го носеше дресот на Ал Вакра, а претходно има настапувано и во Австрија и во Словенија.

Воедно, „вардарци“ најавуваат дека покрај ова квалитетно засилување обезбеден е уште еден голем трансфер, а името на новиот одбојкар во најскоро време ќе биде обелоденето.

Во Скопје мириса на пролет, а оваа пролет време е да се подигнат двата пехари во салата Градски Парк. Напред Вардар“ – оптимистички најавуваат „вардарци“ преку својата фејсбук-страница.

Се вчитува...