ОК Вардар со тренинзи на отворено – два турнири во најава (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одбојкарите на Вардар почнаа со тренинзи, се со цел максимално подготвени да ја дочекаат новата сезона во која ги очекуваат сериозни предизвици. „Црвено-црните“, кои беа првопласирани во моментот на прекин на ланскиот шампионат, најавуваат атак на титулата, а воедно и втора година по ред ќе се испробаат во европските купови пријавувајќи се за настап во Челинџ-купот.

Главен адут на „вардарци“ и во новата сезона ќе биде Јовица Симовски, шанса ќе добијат неколку млади одбојкари, а во периодот што следи ќе бидат потпишани и квалитетни странски засилувања.

Како дел од подготовките, потврдено е учеството на турнирот во Ниш (21-22 август), на кое покрај домаќинот ќе учествуваат уште и екипите на Војводина и бугарскиот прволигаш Хебар.

Воедно, Вардар на 11 септември ќе организира меѓународен турнир во Скопје, а имињата на останатите екипи кои ќе бидат дел од ова натпреварување дополнително ќе бидат објавени.

 

Се вчитува...