Ока Николов во стручниот штаб на Лос Анџелес

Ока Николов, легендарниот поранешен голман на Ајнтрахт Франкфурт, кој има еден настап за македонската репррзентација, има нов предизвик во САД.

Николов во иднина ќе работи како тренер на голманите во тимот на Лос Анџелес во МЛС лигата.

Голманот со македонски корени веќе долго време е во САД. Во минатото работеше во Филаделфија Унион, па во ЛА Галакси, а последниот ангажман го имаше во ДС Јунајтед.

Николов речиси целата кариера беше дел од Ајнтрахт, а од 2016. година заминува во САД. Кратко беше дел од стручниот штаб на македонската репрезентација, поточно кога на селекторската клупа седеше Љубинко Друловиќ.

Се вчитува...