Оклахома конечно победи, Голден Стејт ‘гази’ шампионски (ВИДЕО)

НБА шампионот, Голден Стејт потешко од очекувањата славеше во пресметката со Бруклин и ја забележа шестта сезонска победа во седмиот одигран натпревар. „Воините“ триумфираа со 120-114 во натпревар во кој постојано имаа предност, но беа доведени во неизесност откако Бруклин успеа да намали само на два негатива во последната четвртина.

Смиреноста во изведувањто слободни фрлања, но и неколкуте несреќно нерализирани удари на „Нетс“ обезбедија победа на првакот.Стеф Кари со 35 поени и Кевин Дрант со 34 беа креатори на успехот на Голден Стејт. Дианџело Расел запиша 25 поени за Бруклин.

Оклахома конечно дојде до првиот сезонски триумф. Го победи Далас со 117-110 најмногу благодарение на Расел Вестбрук кој постигна 23 поени. Имаше добра поддршка од Нерленс Ноел кој постинга 20 поени, а имаше и 15 скока како и од Пол Џорџ кој запиша 23 поени.

Со биланс од 1-4, Оклахома е претпоследна во западната конференција, додека Феникс е последен со ефект од 1-5.

Уште две средби беа одиграни во НБА лигата во неделанта програма. Во нив Лос Анџелес Клиперс дојдоа  до четвртата победа со триумфот над Вашингтон од 136-104, а четврти сезонски успех запиша и Јута победувајќи го Далас со 113-104.

Се вчитува...