Оклахома славеше со Мајами и си закажа дуел со Хјустон, залудни 45 поени на Харден… (ВИДЕО)

Оклахома славеше против Мајами со 116-115 во синоќешниот натпревар во НБА лигата и успеа да си закаже дуел со Хјустон. Дуелот ќе биде посебно интересен затоа што Крис Пол во Оклахома е трејдован токму од Хјустон и тоа во замена за Расел Вестбрук, кој кај Рокетс е еден од главните играчи.

Денвер загуби од ЛА Клиперс со 111-124. За Денвер ова е четврти пораз во седум одиграни натпревари, додека Клиперс ја запишаа четвртата победа. Српскиот центар Никола Јокиќ дојде до „дабл-дабл“ со 17 поени, 13 асистенции и седум скока, со само една загубена топка. Но, не помогна неговиот тим да се спаси од пораз.

Со овој пораз веќе е потврдено дека Денвер ќе игра со Јута во првото коло од плеј-офот на Западот, додека ЛА Клиперс ќе се соочи со Далас.

Кошаркарите на Индијана го совладаа Хјустон во претпоследниот натпревар за двете екипи од регуларниот дел на НБА сезоната со 108-104. Со тоа Индијана си ги задржа шансите за плеј-офот од четвртата позиција на Истокот. Дру Холидеј и Мајлс Тарнер беа најефикасни со по 18 поени, додека Виктор Оладипо додаде 16 поени, надополнети со шест скока и пет асистенции.

Во поразениот тим, Џејмс Харден беше најдобар со 45 поени, 17 скокови и девет асистенции, но сето тоа залудно по поразот на неговиот тим.

Се вчитува...