Оксер по десет години се врати во француската „елита“

Екипата на Оксер после десет години обезбеди враќање во Лига 1 во Франција. Во реванш од бараж натпреварот денеска, тие го совладаа тимот на Сент Етјен како гости по изведувањето на пеналите, и така себе си обезбедија пласман во прволигашката конкуренција, а го испаднаа Сент Етјен. Двата меча завршија 1-1, со што вечерва имаше продолженија, па пенали по кои славниот француски тим се враќа во „елитата“.

Оксер победи по „рецепт“ на Реал Мадрид. Не доминираше во статистиката, но на крајот успеа да дојде до посакуваниот триумф.

Тимот се мачеше во последните години и во втората лига, завршуваше и таму во вториот дел на табелата, но после долги шест години повторно ќе играат со најдобрите француски тимови. Во 2017 гдина тимот заврши дури на 17 позиција во второлигашката конкуренција, додека оваа сезона како фаворит од сенка дојде до третото место, а потоа во доигруањето успеа да обезбеди враќање во најдобрата француска лига.

Се вчитува...