Ливерпул е сериозно ангажиран овој летен преоден рок, менаџерот Јирген Клоп сака да доведе неколку квалитетни засилувања, но ќе има и еден голем хендикеп за наредната сезона. Можеби Алекс Окслејд – Чемберлен нема да може да се врати на терените во текот на целата сезона. Тој заработи сериозна повреда на лигаментите на коленото на полуфиналниот меч против Рома во ЛШ, а затоа не беше ниту во составот на Англија на Светското првенство во Русија.
Лошите вести ги потврди токму Јирген Клоп.
„Мислам дека сега е вистинско време да кажеме дека Окслејд – Чемберлен во текот на целата наредна сезона ќе се посвети на опоравување и рехабилитација од сериозната повреда. Ќе ни недостига многу“, истакна менаџерот на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА