„Октоподот“ Столе – голман со најмногу одбрани во Ла Лига

Столе Димитриевски е голманот со најмногу одбрани по две одиграни кола во Ла Лига. Македонскиот репрезентативец досега 12 пати ги бранеше обидите на противниците, што е три одбрани повеќе од голманот на Селта, Матиас Диторо.

Интересно е тоа што Македонецот не започна од првата минута на отварањето на Ла Лига, но доби шанса веќе до 12. минута од мечот против Севилја по црвениот картон на Зидан. За разлика од тој меч, Димитриевски беше прв голман на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Димитриевски добрата форма од Европското првенство каде беше втор најдобар голман по одбранети удари во групната фаза ја пренесе и на отварањето на новата сезона со што се очекува голманот повторно да го зацврсти своето место меѓу почетните единаесетмина во Рајо Валјекано.

Тоа воедно тоа е и е добра вест и за селекторот Боби Милевски во пресрет на квалификациските дуели на македонската репрезентација во септемврискиот прозорец.

Се вчитува...