Најдобриот македонски ракометен голман Мартин Томовски е избран за најкорисен ракометар во Втората Бундеслига.
Голманот на Битигхајм, кој пред сезоната премина од Потсдам во Виртемберг, беше неверојатен во текот на целата сезона за својот тим и беше можеби и главниот виновник за враќањето на клубот во елитата.
Македонскиот репрезентативец имаше импресивна статистика во сезоната 2025/26 и, со своето искуство и конзистентност, одигра клучна улога во враќањето на клубот во највисоката лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
