ЕХФ пред почетокот на денешната програма на завршниот ден од ЕП 2022 го објави олстар-тимот на европскиот шампионат во кој за златото вечерва ќе се борат селекциите на Шпанија и на Шведска.
Токму Шведска е една од земјите со двајца претставници во овој дрим-тим, и тоа Оскар Бергендал како најдобар дефанзивец и Џим Готфридсон како МВП на шампионатот. Данска е втората селекција со двајца играчи во олстар-екипата, и тоа бековите Микел Хансен и Матијас Гидсел.
Во оваа идеална постава има место и за црногорското лево крило Милош Вујовиќ, десното крило на Шпанија, Алеиш Гомез, потоа германскиот пивот Гола, холандскиот плејмејкер Лук Стајнс, како и за голманот на Исланд, Виктор Халгримсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА