Олимпија Милано се раздели со Патрик Јанг

Олимпија Милано официјално ја прекина соработката со Патрик Јанг, поради тешка повреда на коленото. Двете страни најдоа компромис и одлучија да го раскинат договорот, откако кошаркарот побара дозвола од клубот да се врати во САД за да изврши операција на лигаментите на коленото.

Токму таа повреда го измачува 26-годишниот центар веќе долго време да наспати за италијанскиот претставник во Евролигата. Јанг претходното лето потпиша едногодишен договор со Милано, со можност да се продолжи на уште една година, а пристигна од редовите на Олимпијакос.

Клубот денес пак, ја продолжи соработката со Литванецот Артурас Гудаитис, центарот ќе ги брани боите на Милано до 2021 година. Потписот доаѓа во клучен момент, откако Кливленд кавалирс покажаа интерес да го доведат кошаркарот по крајот на оваа сезона.

 

Се вчитува...