Олимпијакос без проблем до предност над Монако

Лесно и убедливо со 21 поен разлика Олимпијакос славеше триумф над Монако на домашен терен, и поведе во 1/4 финалната серија со 1-0. Првопласираниот тим во групната фаза имаше проблеми само во првата четвртина, а потоа откако го презеде водството, успеа да дојде до убедлив триумф.

20-19 беше предноста на гостите по првата четвртина, а втората Олимпијакос ја доби со 26-16. Грчкиот тим во вториот дел само додаде гас, ги доби и последните два периоди за на крај да слави убедлив триумф.

Везенков кај Олимпијакос беше најдобар со 20 поени. Кај Монако Џејмс постигна 17 поени, а запиша и седум асистенции. Милутинов кај Олимпијакос имаше дабл-дабл со 13 поени и 10 скока.

Се вчитува...