Олимпијакос е првиот финалист на Ф4 турнирот во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос се првите финалисти на Ф4 турнирот во Евролигата кој се игра во литвански Каунас, откако во полуфиналето славеа над дебитантот на завршните турнири француски Монако со 76-62. Катастрофалната трета четвртина во која Французите постигнаа само два поени беше клучна за ново финале за избраниците на Барцокас.

Дебитантот на завршните турнири во Евролигата подобро го отвори натпреварот. Французите одиграа одлично во одбраната па по десет минути имаа предност од плус шест 14-20. Големи проблеми за грчкиот тим беше големиот број промашени слободни во првото полувреме каде имаа учинок од 9 од 17.

Сето ова доведе избраниците на Саша Обрадовиќ на минута до крајот на првиот дел да стигнат до двоцифрена предност (28-38). До крајот на првото полувреме Монако успеа уште за два поени да ја зголеми разликата и на пауза да замине со предност од 29-41.

Олиммпијакос фуриозно го отвори второто полувреме и со серија од 14-0 успеаја да стигнат до целосен пресврт (43-41). Првиот кош Монако во второто полувреме го постигна по 5.40 минути игра и да израмни на 43-43. Ова беа и единствените поени за Французите во третиот период, а по 30 минути игра Олимпијакос стигна до највисоките плус тринаесет 56-43.

До крајот Олимпијакос рутински го приведе мечот за конечен триумф од 76-62. Саша Везенков со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Ели Окобо заврши со 17 поени.

Вториот финалист ќе биде познат вечерва откако ќе се сретнат големите ривали Реал Мадрид и Барселона.

Се вчитува...