Олимпијакос ги реши „кралевите“ во дербито во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос триумфираа со 73-60 против Реал Мадрид во дербито на 20. коло од Евролигата.

Во интересен натпревар во Атина, Олимпијакос сосема заслужено дојде до победата во континуитет одржувајќи предност во текот на целиот натпревар.

Минимално но сигурно Грците одеа од четвртина до четвртина за на крај заслужена победа. Најдобар во победничкиот тим беше Томас Волкап со 18 поени, а Саша Везенков заврши со 15 поени. Во тимот на Реал, Џанан Муса и Волтер Таварес запишаа по 12 поени.

Олимпијакос со оваа победа се израмни на врвот од табелата со 13 победи и 7 порази, со Реал, Фенербахче и Барселона.

Се вчитува...