Олимпијакос го понижи ПАО, конечно – победа на Алба

Олимпијакос на гостински терен го декласираше Панатинаикос со 71-95 во големото грчко евролигашко евролигашко дерби, понижувајќи го лутиот ривал без оглед на фактот дека салата беше преполна со фанови од „зелениот дел на Атина“.

Згора на тоа, Олимпијакос настапи без повредениот Везенков, но дуи и во отсуство на својот најдобар кошаркар „црвено-белите“ му одржаа лекција на ПАО. Олимпијакос поведе уште во првото полувреме со двоцифрена предност 36-53, а Панатинаикос не само што не се врати, туку до крајот загуби со убедливи 24 поени разлика. Центарот Фол беше главна фигура во таборот на Олимпијакос со 19 поени, девет скокови и пет асистенции, додека на ПАО не му помогнаа ниту 30-те поени на Американецот Бејкон.

Алба конечно ја прекина серијата од 12 порази во низа во Евролигата откако германскиот тим славеше на гостувањето против Асвел со резултат 79-91. Интересно, берлинскиот клуб по првата четвртина имаше двоцифрена негатива од 27-15, но покажа карактер, се врати и со голем пресврт стигна до триумфот.

Смит со 21 и Тиман со 14 поени ги предводеа стрелците во победничкиот состав, додека најефикасен кај Асвел беше Кахуди со 14 поени.

Се вчитува...