Олимпијакос извиси – АБА нема шанси да се прошири на 14 екипи

Олимпијакос дефинитивно нема да стане дел од АБА-лигата во наредната сезона откако раководството на кошаркарското регионално натпреварување објави дека нема никакви шанси да дојде до проширување на лигата од 12 на 14 екипи. Причина за ова се Олимписките Игри во 2020 година и квалификациските турнир за ОИ во Токио, поради што ФИБА им наложи на сите свои членки првенствата да завршат најдоцна до 12 јуни.

АБА завршува порано за да има доволно време да се одиграат завршниците во земјите во кои АБА-лигашите го прескокнуваат првиот дел од сезоната. Проширувањето на АБА би значело задоцнет старт на домашните плејофи во овие земји, а први реагирале челниците на Српската Кошаркарска Федерација, кои јасно ставиле до знаење дека ќе го почитуваат крајниот рок на ФИБА, јавно противејќи се на идејата за проширување на АБА на 14 екипи.

По ова, Олимпијакос решил да се повлече од намерата за влез во АБА, а интересно ќе биде да се види каде ќе се натпреварува овој тим освен во Евролигата, откако беше исфрлен од првата грчка лига.

Се вчитува...