Олимпијакос ја освои бронзата во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос го освоија третото место на Ф4 турнирот од Евролигата, откако во битката за бронзата славеа против Фенербахче со 87-84.

Од самиот почеток на мечот грчкиот тим јасно покажа дека е цврсто решен да дојде до победа, добивајќи ја првата четвртина со 24-16. Дополнително беше засилено во продолжението за да Олимпијакос на пауза замине со предност од 11 поени (48-37).

Во второто полувреме само рутински се одржуваше предноста, иако противниците во последните две минути успеаја да го ублажат поразо, за конечни 87-84.

Најефикасен кај Олимпијакос беше Питерс со 20 поени, а Вилбекин кај Фенербахче го заврши мечот со 16 постигнати поени.

 

Се вчитува...