Олимпијакос Никозија го сака назад Чеде Јаневски, но мисијата е невозможна

Откако пропадна можност да седне на клупата на кипарски АЕЛ, Чедомир Јаневски сега се поврзува и со клупата на Олимпијакос Никозија. Јаневски беше тренер на овој тим на почетокот на оваа година, но кратко се задржа на клупата, и потоа замина во Јужна Африка.

Причината поради која што Јаневски нема да се пресели на Кипар е тоа што федерацијата на Јужна Африка не го пушта да замине. Така беше и кога преговорите со АЕЛ беа во завршна фаза, така ќе биде и сега.

Покрај Олимпијакос Никозија, Чеде на кипар работеше и во Енозис и Етникос. НАјмногу се задржа во Енозис, најпрво две, а потоа една сезона. Работеше и во Вардар, Исмаили, Црвена Звезда, Монс, Мускрон, Беверен, а беше селектор на Македонија во 2012/2013.

Се вчитува...