Олимпијакос носи топ-засилување од Астон Вила

Олимпијакос успеа да договори врвно засилување откако „црвено-белите“ од Атина најдоа заеднички јазик со Астон Вила за трансферот на Лион Бејли.

Крилниот офанзивец од Јамајка дојде како супертрансфер од Баер Леверкузен во Астон Вила, но не успеа да се снајде најдобро во тактичките замисли на Унаи Емери. Тој минатата сезона беше испратен на позајмица во Рома, но ниту таму не доби преголема минутажа.

Емери јасно стави до знаење дека не смета на Бејли во новата сезона, се преговараше со неколку клубови, за на крајот да се договори Грција да биде следна дестинација на овој брзоног крилен фудбалер.

Висината на сумата што ќе ја добие Астон Вила не е наведена, но станува збор за перманентен трансфер, не за позајмица, а Бејли ќе потпише договор со Олимпијакос до 2029 година.

Се вчитува...