Олимпијакос падна во „Пионир“, Жалгирис ја доби драмата со Макаби

Кошаркарите на Црвена Звезда иако во меч без резултатско значење извојуваа голема победа против лидерот во Евролигата, Олимпијакос со 87-79 на дуелот во Белград.

За црвено-белите натпреварот не значеше буквално ништо, но Олимпијакос можеше со триумф да го обезбеди првото место пред плеј-офот во Евролигата. Но, не успеаја во тоа.

Белграѓани сосема заслужено дојдоа до победата вторпат сезонава совладувајќи ги Грците. Кампацо со 20 поени беше најдобар кај Црвена Звезда, а по 12 поени запишаа Петрушев и Вилдоза. Кај Олимпијакос Везенков заврши со 16 поени и 8 скока.

Жалгирис, пак, на домашен терен славеше со 68-67 против Макаби, со што ја продолжија битката за место меѓу осумте најдобри и пласман во плејофот.

Се вчитува...