Олимпијакос поведе во серијата против Фенербахче

Кошаркарите на грчкиот Олимпијакос поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија во Евролигата против турскиот Фенербахче откако вечерва на домашен терен славеа со 79-68.

Гостите од Турција подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа минимална предност од 19-21. До крајот на првиот дел домаќините заиграа далеку подобро и на пауза заминаа со предност од два поени 37-35.

Грчкиот тим одигра неверојатна трета четвртина во која го полнеше противникот буквално од секоја позиција, а по 30 минути игра домаќините стигнаа и до двоцифрена предност 63-51. До крајот Олимпијакос ја сочува предноста за конечен триумф од 79-68 и водство од 1-0 во четвртфиналната серија.

Везенков со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Мотли постигна 15.

Натпреварот број 2 кој исто така ќе се игра во Грција е закажан за во петок.

Се вчитува...