Олимпијакос се загуби во литванскиот пекол

Кошаркарите на Жалгирис поведоа со 2-1 во четвртфиналната серија до три победи во Евролигата, совладувајќи го Олимпијакос на домашен терен со 80-60. Литванскиот тим домонираше во текот на целиот натпревар. Првата четвртина ја доби со 21-19, а на полувреме замина со двоцифрена предност (47-36). Ист ритам Жалгирис задржа и во продолжението, а кошаркарите на Олимпијакос делуваа загубено на овој меч.

Брендон Дејвис со 18 поени беше предводник во тимот на Жалгирис, а го следеше и Паулис Јанкунас кој постигна 13 поени. Кај Олимпијакос, Василис Спанулис беше стрелец на 14 поени, додека Брајан Робертс постигна 11.

Следниот меч исто така се игра во Литванија, в четврток.

 

Се вчитува...