Олимпијакос сигурен со Жалгирис, Валенсија убедлива против Баерн

Грчкиот кошаркарски клуб Олимпијакос славеше над Жалгирис Каунас на домашен терен со 83-74 во натпревар од осмото коло во Евролигата. Првото полувреме помина во израмнета игра, а гостите на пауза заминаа со минимална предност од 37-39.

Во второто полувреме домаќините ја пронајдоа својата препознатлива игра и со одлична игра особено во фазата на одбрана успеаја да стигнат до победа од 83-74. Најдобар поединец во победничкиот табор беше искусниот Спанулис со 16 поени, додека кај гостите Лендејл постигна 23 поени.

Валенсија го декласираше германскиот Баерн со 82-56. Шпанците во текот на целиот меч го контролираа резултатот, а главната разлика ја направија во последната четвртина во која на противникот му дозволија само девет поени. Најефикасен кај домаќините беше Вања Маринковиќ со 19 поени, додека кај поразените се истакна Лучиќ со 14 поени.

Се вчитува...