Кошаркарите на Олимпијакос по титулата во Евролигата, славеа и во плеј-офот од грчкиот шампионат откако вечерва во мајсторката славеа на домашен терен против најголемиот ривал Панатинаикос со 89-85 и со 3-2 славеа во финалната серија.
Домаќинот на овој меч беше подобар во текот на целиот меч и во ниту еден момент не му дозволија на големиот ривал да се понадева дека на некој начин може да стигне до победа и до освојување на трофејот.
Еван Фурние со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволен беше 21 поен на Толиопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
