Олимпијакос триумфално со Жалгирис за зацврстување на врвот во Евролигата

Олимпиајкос се зацврсти на врвот во Евролигата откако во 29. коло триумфираше со 72-74 на гостувањето против Жалгирис.

Грците ги одиграа одлично првите три период од играта по кои имаа предност од  49-61… Но, домашните успеаја да одиграа перфектно во последната четвртина и да го доведат мечот во неизвесна завршница. Сепак, не успеаја ништо повеќе од чесен пораз.

Саша Везенков беше најдобар кај Олимпијакос со 25 постигнати поени, а со 18 поени мечот го заврши МекКисик. Кај домашните се издвои Роландс Смитс со 18 поени.

Монако триумфираше против Виртус Болоња со 81-68.

Се вчитува...