Олимпијакос убедливо против Монако, Зенит триумфално против Анадолу Ефес

Кошаркарите на Олимпијакос ја запишаа и шестата победа во осмиот свој натпревар од новата сезона во Евролигата, славејќи на домашен терен против Монако со 86-65.

Грците до триумфот дојдоа со одлично одиграното второ полувреме, откако Монако извонредно го почна мечот добивајќи го првиот период од играта со 17-27. Но, се во продолжението беше во знакот на Олимпијакос кој дојде до убедлива победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Тајлер Дорси со 18 постигнати поени, дополнети и со четири асистенции.

Занит, пак, дојде до петтата победа по триумфот на гости против Анадолу Ефес од 79-90. Алба Берлин исто така триумфираше на гости против Жалгирис со 71-79.

Се вчитува...