Олимпик Марсеј договори трансфер од Атлетико Мадрид

Џефри Кондогбија е нов фудбалер на Олимпик Марсеј откако францускиот клуб конечно постигна договор со Атлетико Мадрид околу висината на отшетата за овој играч.

Новиот тренер Марселињо инсистираше на доаѓање на Кондогбија како голем борец на средината на теренот, играч што би бил неопходен за спроведување на неговите тактички замисли. Управата на крајот успеа да ја спушти сумата што Атлетико ја бараше на осум милиони евра, што е прифатлива за Олимпик, па по комплетирањето на документацијата се очекува да биде потпишан четиригодишниот договор со Кондогбија.

Се очекува овој фудбалер да го заземе местото во првиот тим што му припаѓаше на Матео Гендузи, кој ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...