Олимпик Марсеј е заинтересиран за Езгијан Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски е цел на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј.

Како што пренесуваат француските медиуми, 27-годишниот Алиоски по одличната сезона во англиски Лидс и во дресот на македонската репрезентација е на мета на тимот од Марсеј кој посакува да го види во своите редови уште во овој преоден рок.

Според најавите, наредниот период Олимпик Марсеј се очекува да испрати и официјална понуда до Лидс за откуп на договорот на Алиоски.

Македонскиот фудбалер, според англиските медиуми, пак, е проценет на 4 милиони евра. Но, како што се наведува, Олимпик Марсеј е подготвен да исплати единствено два милиони евра за услугите на Алиоски.

Се вчитува...