Oлимпик Марсеј конечно победи во Лига 1 (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј конечно стигнаа до победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на домашен терен против Монпелје со убедливи 4-1 во меч од 23. коло во Лига 1.

Гостите поведоа со 0-1 во 5. минута преку Ал Тамари и тоа беше се од нив на мечот. Домашните израмнија на 1-1 преку Ндиаје во 31. минута, а до крајот на првиот дел беше и 2-1 откако стрелаше Обамејанг во 43. минута.

Истиот фудбалер зголеми на 3-1 од пенал во 62. минута, а конечните 4-1 беа автогол на Сако во 82. минута.

 

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...