Олимпик Марсеј по 44 години го освои Бордо

Олимпик Марсеј триумфално ја почна 2022 година во француското првенство, откако избраниците на тренерот Сампаоли славеа на гостувањето против Бордо со 0-1, прекинувајќи една неверојатна „црна серија“ на дуелите со овој ривал.

Имено, Олимпик последната победа во Бордо ја имаше забележано во 1977 година, во изминатите 44 години тимот од Марсеј дури 36 пати гостуваше на овој стадион и забележа 21 пораз и 15 реми, за вечерва конечно да се израдува на цел плен против „жирординците“.

Домаќините настапија ослабени поради отсуство на неколку важни играчи со коронавирус, а Олимпик знаеше како да го искористи тоа. Како клучен се покажа погодокот на Ченгиз Ундер, откако турскиот ас пред крајот на првото полувреме одлично заврши еден соло-продор сместувајќи ја топката во мрежата на домашниот голман.

Се вчитува...