Навиката на раководството на Олимпик Марсеј за чести промени на тренерската функција останува и летово откако гигантот од „Велодром“ се реши за именување на нов шеф на стручниот штаб за наредната сезона.
Бруно Женесио е изборот на челниците на Олимпик откако овој 59-годишен стратег потпиша договор со тимот од „Велодром“. Женесио доаѓа во Марсеј по успешната сезона со Лил, откако со овој тим го освои третото место во француското првенство и обезбеди билет за ЛШ, нешто што не му успеа да Олимпик Марсеј со освоената петта позиција.
Тимот од Марсеј во новиот стратег гледа како на стручњак со исклучително познавање на лигата, кој со доведување на неколку квалитетни засилувања би можел да се бори за висок пласман.
„Бруно Женесио е тренер чии квалитети се познаени и признаени во целокушниот француски фудбал. Неговото искуство, високите стандарди на работа и визијата за овој спорт се идентични на она што ние како клуб го баравме на поччетокот од ова ново поглавје. Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде во нашиот клуб“, изјави Стефан Ришар, претседателот на бордот на директори на Олимипк Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
