Олимпик Марсеј е исклучително активен во овој преоден рок, па францускиот гигант денеска успеа да договори уште едно значајно засилување. Станува збор за Илман Ндаје, сенегалскиот напаѓач кој пристигнува од Шефилд јунајтед и ќе потпише петгодишен договор со Марсеј за сума од 17 милиони евра.
Ова всушност претставува камбек на Ндајде во Марсеј, ако се знае дека тој потекнува од младинската акдемија на овој француски клуб. Токму желбата за враќање на „Велодром“ беше клучен фактор за овој трансфер, бидејќи Ндаје јасно стави до знаење дека нема да потпише нов договор со Шефилд јунајтед иако овој тим успеа да обезбеди влез во Премиер-лигата. Напорите да се продолжи соработката не вродија со плод, па бидејќи договорот на сенегалскиот напаѓач истекуваше за една година, челниците на Шефилд беа принудени да го продадат за да не ризикуваат тој следното лето да си замине без никаква отштета од клубот.
Токму Ндаје со 14 гола и 11 асистенции беше меѓу најзаслужните за промоцијата на Шефилд Јунајтед во Премиер-лигата, па од сенегалскиот фудбалер се очекува да продолжи во ист ритам и во дресот на новиот клуб.
За потсетување, Олимпик Марсеј сериозно го засили нападот со ангажманите на Обамејанг и на Сар, а дополнителни засилувања се левиот бек Лоди и последниот играч за врска Кондогбија, кои во „пакет“ пристигнаа од Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА