Олимписка шампионка ја заврши кариерата на 22 години

Израелската ритмичка гимнастичарка Линој Аршам одлучи да стави крај на кариерата на 22 години. Таа на Летните олимписки игри во Токио го освои златниот медал во повеќебој и на тој начин ја прекина 20 годишната доминација на руските гимнастичарки.

Меѓутоа наместо да продолжи со успесите, одлучи да и стави крај на кариерата и да и се посвети на тренерската работа. Таа ќе му се придружи на тимот на својот тренер Ајелет Сусман.

Во кариерата таа освои шест сребрени и пет бронзени медали на Светските првенства во 2017, 2018 и 2019 година, како и две златни и една бронза во минатогодишниот Светски куп, а покрај златото на ЛОИ во Токио освои најсјајно одличје и на Европското првенство во 2020 година.

 

Се вчитува...