Олимписка шампионка суспендирана поради допинг

Олимписката шампионка во најтешката атлетска дисциплина – маратон, Кенијката Џемима Сумгонг, доби четири години суспензија поради користење на допинг. Таа беше позитивна на забранетата супстанца ЕПО на ненајавено тестирање спроведено во Кенија. ЕПО е хромно кој може да ја подобри издржливоста, а во атлетиката го користат токму оние кои трчаат на долги патеки.

Сумгонг беше позитивна на допинг – тест и во 2012 година, но на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро влезе во историјата како прва Кенијка која освои злато во маратон.

  

Се вчитува...