Олимписки шампион во атлетика, се префрла на велосипедизам!

Најуспешниот британски атлетичар во скок во далечина, Грег Ритерфорд, реши да стави крај на атлетската кариера. Последниот настап тој ќе го има во август годинава, а потоа 31-годишниот Британец се префрла во друг спорт.

Ритерфорд објави дека планира да ги проба своите можности во велосипедизам и најавува забележителни постигнувања.

Главна причина за завршувањето на атлетската кариера се бројните повреди што го следат во последно време, а токму поради повредите и одлучил да стане велосипедист.

„Во периодот на рехабилитација поминав многу време на велосипедот за тренинг и покажав добри резултати. Ќе ми биде многу интересно да ја пробам силата во овој спорѕ. Како мал возев БМХ, потоа и велосипед на планина и тоа многу ми се допаѓаше“ – изјави Ритерфорд за интервју за британските медиуми.

Тој веќе има договор со Британската велосипедска федерација и до крајот на годинава планира да ги помине задолжителните тестови.

Ритерфорд стана олимписки шампион во скок во далечина на ОИ 2012 во Лондон, а на ОИ 2016 во Рио го освои бронзениот медал. Беше светски шампион во Пекинг во 2015 година и европски шампион на атлетското првенство во Цирих во 2014 година.

Се вчитува...