Олимпискиот оган пристигна во Јужна Кореја

Олимпискиот оган пристигна во корејскиот град Инчон, точно 100 дена пред стартот на Зимските Олимписки Игри во 2018 во Пјонгчанг. Пречекувајќи го олимпискиот факел кој пристигна во Јужна Кореја со специјален чартер лет од Грција, претседателот на организацискиот комитет Хи-Бом Ли истакна дека ова е исклучително важен ден во историјата на Република Кореја.

„Олимписките игри во 2018 година ќе бидат во знак на мирот и на хармонијата. Ќе се потрудиме спортистите и гостите во Пјонгчанг да ги поминат најубавите мигови во животот“ – изјави Ли.

Олимпискиот оган беше запален на планината Олимп на 24 октомври и помина 2.000 километри до Ј. Кореја. Факелот ќе помине низ осум провинции и градови во земјата, пред да пристигне во Пјонгчанг на церемонијата на отворањето на ЗОИ на 9 февруари следната година.

Се вчитува...