Олимпискиот пламен стигна во Фукушима – Нека ова биде симбол на надежта

Организаторите на Летните олимписки игри го предадоа олимпискиот пламен на властите во Фукушима, каде ќе биде следните неколку месеци, бидејќи најголемата светска спортска смотра поради пандемијата од коронавирусот е одложена за следната година.

Меѓу официјалните лица кои беа дел од примопредавањето, беше и еден од членовите на организацискиот одбор на игрите, Јукихиро Нуномура.

„Ова е симбол на надежта дека светот може да го прослави најдоброто од човештвото преку Олимписките игри во Токио, откако сите заедно ќе го победиме коронавирусот. Верувам дека поминувањето на пламенот од овој тренинг центар следната година ќе биде силна порака дека можеме заеднички да победиме се. Ова е симбол на надежта“, изјави Нуномура. 

Пламенот ќе биде во Фукушима се до крајот на април, од каде ќе биде префрлен во Токио, а организаторите подоцна ќе одлучат каде се ќе помине, со оглед на продолжениот временски период до почетокот на ЛОИ.

Се вчитува...