„Олимписките Игри ќе се одржат, каква и да биде состојбата со Covid-19“

Претседателот на Организацискиот комитет за ОИ во Токио, Јоширо Мори, ги отфрли гласините дека Олимписките Игри би можеле да не се одржат поради зголемениот број на позитивни случаи на територијата на Јапонија.

Игрите веќе еднаш беа одложени, а новото откажување ќе донесеше катастрофални финански последици врз организаторот, поради што Јапонците воопшто не размислуваат за ваква опција. Според Мори, нема никаква дилема дека ОИ ќе се одржат во Токио, со почеток на 23 јули, без разлика како ќе се одвива ситуацијата со коронавирусот во Јапонија и ширум светот.

„Воопшто не треба да постои дискусија дали ОИ ќе се одржат, бидејќи одговорот е јасен – ДА. Олимписките Игри ќе бидат во Токио годинава, без разлика каква ќе биде ситуацијата со коронавирусот. Се уште е неизвесно дали ќе има публика или не, тоа е нешто што ќе зависи од моментната ситуација, но одржувањето на Игрите воопшто не е доведено во прашање“, порача Мори.

Се вчитува...