Олимписките игри во 2028 година на Лос Анџелес можат да му донесат приходи од 40 милијарди долари

Олимписките и Параолимписките игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес, САД, би можеле да градот да му генерираат приходи од дури 40 милијарди долари, објави анализата која ја направи Корпорацијата за економски развој на Лос Анџелес.

„Обемот и големината на активностите поврзани со ЛОИ 2028 година се значајни кога се гледаат низ конзервативна перспектива. Нашата анализа покажува дека влијанието од ЛОИ е огромно, ќе има илјадници нови работни места, локалните компании ќе имаат голема заработка, потрошувачката на навивачите и долгорочните инвестиции се бенефитот кој го носат Игрите“, вели Стивен Чеунг, претседателот и извршен директор на Корпорацијата за економски развој на Лос Анџелес.

Според анализата, ќе се отворат илјадници нови работни места во градежништвото, транспортот, угостителството, обезбедувањето и административните работи.

 

 

Организаторите на Игрите планираат дури 75 отсто од набавките да ги добијат фирми од реонот на Лос Анџелес, што би претставувал дополнителен импулс за економијата.

Се вчитува...