Оливер го утна човекот: Го исклучи Буфон, а беше турнат од…

Судијата Мајкл Оливер направил огромна грешка со исклучувањето на Џанлуиџи Буфон, откако денеска се појави нова видео-снимка од инцидентот која покажува како друг фудбалер на Јувентус го турка британскиот судија по досудениот пенал во 93. минута.

Буфон беше бесен и протестираше заедно со уште неколку соиграчи, но Оливер мирно ја следеше ситуацијата се дури не беше турнат од зад грб. Тоа го стори Даглас Коста, но кога судијата се сврти Бразилецот никаде го немаше, а точно зад него се наоѓаше Буфон.

Веднаш потоа Оливер се фати за џебот и го исклучи искусниот голман, кој потоа преку медиумите упати жестоки критики на негова адреса. Пеналот веќе беше досуден, но се чини дека одлуката за црвениот картно ќе беше сосема поинаква доколку Британецот забележеше дека туркањето не е од Буфон, туку од Даглас Коста.

Се вчитува...