Оливер Кан: Буфон да оди во пензија, ризикува болка и разочарување!

На легендарниот Џанлуиџи Буфон никако не му се отвора простор за завршување на кариерата на вистински начин.

Репрезентацијата на Италија доживеа историски неуспех со непласманот на СП во Русија, неговиот Јувентус минатата година загуби во финалето на ЛШ а оваа година со црвен картон ги заврши настапите во ЛШ.

Сега се огласи и неговиот колега, поранешниот голман на Баерн, Оливер Кан кој му понуди совет. Кан од активниот фудбал се збогуваше на 38 години, а сега истакнува дека разбира со какви дилеми се соочува Џиџи Буфон.

„Тешко е да се разбере кога треба да се престане со фудбалот, посебно кога имате големи желби за нови постигнувања, за освојување трофеи. Но порано да заминеше во пензија Буфон сега ќе се поштедеше од разочарувања како елиминацијата на Италија од Шведска или ова последното против Реал. Ќе се поштедеше од сцените по кои сега луѓето ќе го паметат“ – вели Кан и дополнува:

„И јас можев да играм уште неколку години. Но, зошто? Ако не се повлечете на време ризикуваме големи болки и разочарувања. Буфон беше светски шампион, а беше и најдобар голман на светот. Тоа е она што е важно. Не е важен црвениот картон против Реал ниту фактот дека не освоил Лига на шампионите. Затоа му препорачувам да оди во пензија“.

Се вчитува...