Оливо го исфрли Цонга од Ролан Гарос

Аргентинецот Ренцо Оливо го испрати на трибините Џо Вилфред Цонга уште во првото коло на Ролан Гарос. Дуелот меѓу Оливо и Цонга во вторникот беше прекинат при водство на Аргентинецот со 7-5, 6-4, 6-7, 5-4, а денеска тој ја доврши работата освојувајќи го последниот сет со 6-4.

Малку недостсуваше да ја испушти предноста од три гема во четвртиот сет бидејќи Цонга успеа да врати два брејка, но не успеа да се избори за решавачки пети сет. Следен противник на Ренцо Оливо ќе му биде Кајл Едмунд.

Настапот за Ролан Гарос рано заврши и за Петра Квитова. Чешката тенисерка беше елиминирана од Американката Бетани Матек-Сандс со 6-2.7-6 во мечот од второто коло. Следна противника на Американката ќе и биде Саманат Штосур која во втората рунда беше подобра од Белгијката Флипкенс (6-2, 7-6).

Настапот во Париз го продолжува и ветеранката Венус Вилијамс. Амерканската тенисерка за 73 минути ја победи Јапонката Куруми Нару со 6-3, 6-1.

Се вчитува...