Олуџоби уште една година во МЗТ Скопје

МЗТ Скопје потпиша нов договор со уште еден кошаркар од ланскиот ростер, откако денеска беше официјализирана соработката со Фени Олуџоби. Американецот пристигна во таборот на „металците“ на почетокот од годинава, поради прекинот и коронавирусот не можеше во целост да ги покаже своите квалитети, но тренерот Кочов беше задоволен од неговите игри и од залагањето, поради што токму Олуџоби е првиот странски кошаркар што МЗТ го потпишува за наредната сезона.

Олуџоби настапи на три средби во АБА2-лигата со просек од 16 поени и осум скока, како и на два меча во Првата лига во кои просечно реализираше 16,5 поени и пет скока. Пред да дојде во „Јане Сандански“, тој неколку месеци одигра во Литванија и тоа за екипата на Лиеткабелис.

Тој е седми сигурен кошаркар во ростерот на тренерот Ѓорѓи Кочов за новата сезона, откако претходно беа обновени договорите со капитенот Дамјан Стојановски и Андреј Маслинко, беа ангажирани Филип Бакоч и Адем Мекиќ, додека од минатата сезона договорни обврски имаат уште и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски.

Се вчитува...