Омар Имери му избега на Шкупи и потпишува за Шкендија!

Македонскиот младински репрезентативец Омар Имери се одлучи да ги напушти редовите на Шкупи ова лето и својата кариера ја продолжува во шампионот Шкендија!

Имери се одлучи да не ја прифати понудата од Шкупи за продолжување на соработката и да не патува со тимот на подготовките во Турција. А, веќе е постигнат договор 21-годишниот Имери да ја продолжи кариерата во Шкендија. Се очекува да потпише тригодишен договор со црвено-црните од Тетово.

Од раководството на Шкупи наведуваат дека Имери некоректно се одлучил да го напушти тимот, а за тоа го обвинуваат менаџерот на младиот фудбалер.

Шкупи своите подготовки за настапите во квалификациите од Лигата на Европа во моментов ги реализира во Турција. Следен контролен натпревар на чаирчани ќе биде на 24. јуни против азербејџански Нефчи.

Се вчитува...